Меѓународна потерница за бизнисменот Сеад Кочан

by fokus 20:24
20:24

Со  меѓународна и домашна потерница се трага по бизнисменот Сеад Кочан, информираа од МВР за Телевизија24.

Сепак, тврдат дека немаат информација од гранична полиција дали и на која граница  Кочан ја напуштил државата. Во јавноста се шпекулираат дека бизнисменот ја напуштил државава и заминал во Русија.

- Advertisements -

ТВНова повикувајќи се на извори од истрагата, јави дека Кочан уште во четвртокот наутро ја напуштил Македонија преку границата на Табановце. Кочан ја напуштил Македонија неколку часа пред да биде објавена одлуката на Кривичниот совет со која се прифаќа жалбата на СЈО и се бара притвор за него.

Тој е прв осомничен во случајот „Труст”, во кој се товари за фалсификување на документи за добивање на тендер од ЕЛЕМ тежок  17 милиони евра, државни пари.

Поврзани новости