385
Тешка кражба била извршена во дом во скопската насделба Илинден, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 09.10 часот во Полициското одделение Петровец, Д.М. (30) од населба Илинден-Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 06.45 до 08.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Сторителот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и одзел чанта во која имало 15.000 евра.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.