Додека собирал дрва во планина, бил удрен со стап во главата од соселанец

by fokus

27-годишен жител на село Баница бил примен на Клинички центар во Скопје со повреди во пределот на главата. Според МВР, тој добил удар во главата со стап од негов соселанец, додека собирал дрва.

„На 23.10.2018 година во 20.00 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Струмица бил примен Г.С.(27) од село Баница со повреди на главата, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Според пријавата, истиот ден околу 17.00 часот, додека Г.С. бил на планина да собира дрва во атар на село Попчево и село Рич, С.Р. од село Баница со стап го удрил во пределот на главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости