499
Влатко Илиевски, сопругот на екс министерката Гордана Јанкулоска, и официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет. Одлуката на Владата, со потпис на вицепремиерот Никола Тодоров, денеска е објавена во „Службен весник“, а објави НОВА.
Илиевски пред два месеци беше назначен за в.д. претседател на оваа институција, а сега напредуваше и стана претседател. Тој претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската Берза.