447
Мртвото тело на 63-годишен жител на Петровец, кој бил пријавен за исчезнат, било пронајдено во нива
-На 22.12.2018 година околу 14,30 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје пријавил дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж. Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за Р.Ј. (63) од с. Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, информираат од МВР.