Додека ги чекаме мерките, Македонија се гуши во отровен воздух

by fokus

Низ градовите во Македонија воздухот вечерва е екстремно загаден, покажуваат мерните станици.

Штетните PM10 честички во Битола достигнаа ниво од 390 микрограми на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.

Во Скопје најзагаден воздух вечерва дишат жителите во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром. Кај Ректоратот загаденоста со ПМ10 честички е 354 микрограми на кубен метар.

Скопје повторно се најде во 10те најзагадени градови во светот- вечерва е на седмото место.

Поврзани новости