344
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Според полицијата, на 25.06.2010 година, пријавениот, како градоначалник на општина Василево, изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на општината Василево, без да изврши увид во доставената документација на лицето и покрај тоа што знаел дека истото е без соодветно образование.