Добро е што се зголемува бројот на бугарски клубови во Македонија, смета Милков

by Fokus

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, рече оти се надева дека тие клубови ќе можат да функционираат нормално.

-Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација и тоа што очекуваме од Северна Македонија е да биде обебедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашуте две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата, така што треба да се постигне едно европско решение и европско фунцнирање на овој вид здруженија, оцени Милков.

Поврзани новости