430
Повратникот во Серија „А“, Парма нема да биде изваден од елитата на италијанскиот фудбал.
Оваа одлука ја донесе Националниот федерален суд на Италија, кој го казни тимот со одземање пет поени од сезоната 2018/2019 година, а исто така го исфрли Емануеле Калајо за две години од фудбалот. Првиот стрелец на екипата треба да плати и парична казна од 20.000 евра.
Напаѓачот беше фатен како разменува СМС-и со играчите на Специја пред натпреварот помеѓу двата тима кои ја донесоа промоцијата на Парма.
Тимот првично беше загрозен од исфрлање од Серија „А“, како и одземање два бода од претходниот шампионат во „Б“ девизијата. Ова, сепак, ќе наложеше да се направат радикални промени, бидејќи „војводите“ влегоа директно, а со одземањето на два бода ќе требаа да играат во плеј-офот во минатогодишната сезона, каде што ќе требаше да се одиграат сите мечеви одново.
Па така Парма остана во елитата, но ќе започне со минус пет бода, а главната цел пред екипата ќе биде останување меѓу најдобрите на Апенините.