Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на денешната заедничка прес конференција со бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека на денешната нивна средба била отворена темата за иницијатива склучување на договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Бугарија.
-Таков договор Македонија веќе има со САД и со Турција. Сметаме дека овој договор ќе ја потврди определбата за блиски односи меѓу нашите две земји, рече Иванов.
Иванов и Радев разговарале и за Стратегијата за проширување на ЕУ, и како што истакна македонскиот претседател релани се можностите на Македонија за време на претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ и дека реално е да очекуваме покана за членство во НАТО на Самитот кој ќе биде летово.