Жител на ресенското село Горно Крушје добил отказ од туристичка агенција и испраќал заканувачки пораки дека во комбињата и автобусите на агенцијата има поставено бомби.
Според информациите од МВР, на 28 јуни околу 16 часот тој креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ од кој, на официјален „Фејсбук“ профил на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма во Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставени бомби кои ќе се активираат кога ќе пристигнат пред фабриката, заедно со вработените во агенцијата.
После неколку минути, истата порака ја поставил на „Фејсбук“ профилот на агенцијата. Слични пораки со заканувачка содржина, од лажно креирани профили, пријавениот повеќе пати им испраќал и на одговорни лица во фирмата каде претходно работел.
Против четириесет и петгодишниот заканувач е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.