Никола Груевски и Никола Тодоров да кажат дали од Клиниката за ендокринологија е испратено алармантно писмо до Министерството за здравство, праша денеска Д-р Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.
– Дали во тоа писмо лекарите од Ендокринологија му напишале на Никола Тодоров дека не се согласуваат со начинот на промена на инсулинската терапија на дијабетичарите, што им ја наложува Владата на Груевски?Ако е така, дали Груевски вчера ги излажа дијабетичарите дека според консултациите што ги имал со експертите, дозволива била наглата промена на инсулинската терапија, што ја прави власта? По вчерашното интервју на Никола Груевски, уште еднаш ние граѓаните се уверивме дека за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ сѐ е тендер, па и здравјето на пациентите – праша Чакаровски.
Ни од Груевски ни од Тодоров , велат од СДСМ, не слушнавме што имаат да кажат на укажувањата на дијабетолозите дека за внесување нов инсулин во организмот е потребен период од 3 – 6 месеци.