646
Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил коментира дека актулениот премиер, Димитар Ковачевски ќе го прифати “францускиот предлог” за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар).
„Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен антивладин Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!“ , истакна Апасиев.
Веќе неколку дена главна тема во државата е францускиот предлог, за кој повеќето од политичките партии се изјаснија дека не го прифаќаат.
Вчера, околу стотина граѓани протестираа против францускиот предлог пред Влада.