448
Сончево и топло време ќе се задржи до вторник, додека во попладневните часови само на планинските места особено на западот ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во среда попладне и навечер повторно ќе има локална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за невреме.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени но особено во вечерните и ноќните часови поради релативно високата влажност во воздухот ќе се осеќа поголема спарина.
-Токму поради ова и температурите на воздухот ќе се чувствуваат како повисоки од реално измерените, вели метерологот Славчо Поповски.