605
Шест до осум клиники и здравствени домови до крајот на неделава ќе добијат нови директори, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. Се очекува кадровска смена во Клиниката за трансфузиологија, а се размислува дел од несменетите директори да останат на своите позиции, додаде тој.
– Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Се уште правиме консултации – додаде Таравари.