До крајот на годината ќе се стави клуч на врата на домот за деца без родители “11 Октомври” преку процесот за деинституционализација, а штитениците ќе бидат сместени во згрижувачки семејства како и во мали групни домови.
Во моментот во Установата има 32 деца. За тие кои ќе живеат во 4-те стамбени единици ќе се грижат воспитувачите од “11 Октомври”. Од министерството велат дека објектот ќе остане на државата и ќе го пренаменет за други социјални услуги.
Постапката за вадењето на децата од домовите е во тек и во специјалниот завод во Демир Капија и во Домот за доенчиња во Битола за каде се планирани специјализирани згрижувачки семејства поради нивната возраст.
– Така е секаде во светот, децата да ги доближиме до семејства, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.