Стефановски ќе биде кремиран и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро

by fokus

По негова желба, телото на Горан Стефановски ќе биде кремирано и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро.

Телото на Стефановски ќе биде кремирано на 5 декември во Бархам, крематориумот во Кентербери во 9,20 часот. Пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во Охридското езеро, соопшти неговото семејство.

Познатиот македонски писател и драматург по кратко боледување почина вчера на 66 години. Тој последните две децении живееше во Кентербери.

Поврзани новости