До крајот на април реконструкција на Владата

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип најави реконструкција на влада до крајот на април.

– Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, рече Заев.

 

Поврзани новости