619
Од касарната „Илинден“ синоќа во полициска станица пријавиле дека во близина на касарната граѓани пукале огномет, но се слушнале и истрели од оружје.
-Синоќа во 19.15 часот во Полициската станица Карпош, од касарната „Илинден“ било пријавено дека на околу 100 метри од касарната во правец кон бул.„Словенија“ неколку лица испукале огномет, а потоа се слушнале поединечни истрели од оружје, по што повторно имало огномет.
Додека траело второто испукување на огномет, едно испукување завршило во оградата од касарната. Нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.