МВР: Возач на автобус и 16 припадници на АРМ утринава се повредени во сообраќајка

by fokus

Рано утринава се случила сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип, кога се судриле автобус и комбе. Во несреќата биле повредени возачот на автобусот и 16 патници, припадници на Армијата.

-На 29.09.2020 во 06.47 часот во Полициската станица Штип, пријавено е дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај место викано „8-ми километар“ Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус, со струмички регистарски ознаки, управуван од З.Н.(42) од Струмица и товарно возило комбе „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од с.Добрејци, струмичко. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на автобусот и 16 сопатници, припадници на Армијата на Република Северна Македонија и сопатникот В.Ј.(58) во товарното возило комбе. Увид на местото на незгодата е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Штип, а на увидот присуствуваl и тим на воената полиција, информираат од МВР.

Поврзани новости