Вчера на Facebook и Twitter имаше безброј коментари и оваци со делови од интервјуто на Зоран Заев во дневникот од Канал 5, и тоа не е чудење, но е за радување затоа што после неколку години, прва пат се случи интервју со опозициски лидер на една од трите најголеми национални телевизии во Македонија последниве неколку години. Народот се радуваше и коментираше за нешто што во нормални услови, во услови на слободни и незавини медиуми тоа би било емитуање од секојдневна појава. Но, попречени од нарачаните прилози и вести, ова навистина дојде како снег во септември.
Цела таа лавина од коментари на социјалните мрежи во врска со интервјуто на Заев на Канал 5 покажува дека народот има потреба од разноличност, има потреба од излегување од рамките на пропагандата, што укажува на добар знак дека народот е разбуден и не дозволува повеќе манипулации од едноличноста на секојдневните вести што се емитуваат на нашите три најголеми национални телевизии.