Глобал војсис: Новинарите во Македонија сѐ уште се под удар на судството

by Фокус

Македонскиот Уставен суд ја потврди казната за новинарите кои цитираа изјава со обвинение за корупција

Иако тој сега е поранешен шеф на македонската тајна служба, се чини дека Сашо Мијалков сè уште има големо влијание врз судскиот систем во земјата, особено кога се во прашање неговата “чест и углед”.MijalkovУставниот суд на Македонија ја потврди паричната казна од 8.300 евра против двајца новинари од независниот неделник „Фокус“, Јадранка Костова и Владо Апостолов, за клевета или “кршење на честа и угледот на поранешниот шеф на тајната служба” – кој е и роднина на премиерот во заминување, Никола Груевски.

Ова е трет пат македонските судови да ја потврдат казната за цитирање извор кој тврдеше дека Мијалков бил вмешан во корупција. Првостепениот суд ја одреди глобата за новинарите на почетокот на 2014 година, Апелациониот суд ја потврди пресудата во септември 2014 година, а Уставниот суд ја одби жалбата на новинарите во ноември 2015 година.Naslovna 991Уставниот суд во својата одлука наведува дека судовите од понизок степен правилно утврдиле дека не постои основа за исклучување на одговорноста на Апостолов и Костова. Воедно од судот додаваат дека објавените стории не содржат информации од јавен интерес, туку постоела намера „да се започне пренесување на гласини, кои сериозно повредувале нечие право на чест и углед“.

Новинарите од неделникот „Фокус“, пак, тврдат дека сториите се објавени со цел да се поттикне дебата за прашања од јавен интерес и дека нивната содржина несомнено е тема од јавен интерес.

Текстот е првично објавен на англиски на следниов линк.

Поврзани новости