543
Во однос на претстојниот празничен викенд, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека, до четврток ќе се знае како ќе се организира движењето, но и дали некаде ќе се вратат рестриктивните мерки.
„До четврток ќе има одлука имајќи предвид дека и во петок има празник во којшто може да се случи граѓани да не ги почитуваат мерките. Во однос на тоа како ќе се изведе, добро ќе се разгледаат регионите на неколку населби и ќе разговараме со МВР за организацијата. Знаеме дека е покомплицирано во Скопје, беше сосем различно во Дебар и во Куманово“, рече Филипче.