И градоначалникот на Чаир позитивен на Ковид 19

by Fokus 15:52
15:52

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид 19.

„По извршениот тест вчера дали постои можност да сум зарaзен со COVID-19, ве ИНФОРМИРАМ дека резултатот е ПОЗИТИВЕН. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт.Од оваа положба уште еднаш АПЕЛИРАМ и МОЛАМ за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова! – истакна градоначалникот на Чаир.

- Advertising -

 

Поврзани новости