До Армијата не дошло барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

by Fokus

Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликоптери, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата.

-Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификации за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуации и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на пригодна поштенска марка по повод јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Поврзани новости