До 17 часот гласале над 42% од граѓаните

by fokus

Според последната прес коференција на Државната изборна комисија (ДИК), до 17 часот гласале 42,36% од гласачите. Во споредба со првиот круг, сега за 2% гласале повеќе избирачи.

Најголема излезност има во Вевчани, од 75,6%, а најмала во Сарај од 23 проценти.

Најголема излезност од скопските општини има во Карпош, од 47%, а потоа следуваат Центар со 45,50%, Кисела Вода со 42%, Аеродром со 42%, Ѓорче Петров со 40%, Чаир со 39%…

Поврзани новости