До 17 часот гласале 70.000 гласачи повеќе од првиот круг

by fokus

Според излезноста до 17 часот е јасно дека потребниот цензус од 40% ќе биде достижен, а останува само неизвесноста кој од двајцата кандидати ќе ја однесе победата.

Според податоците од веб сајтот на ДИК, до 17 часот на гласање излегле 690.082 гласачи, или 38,26% од избирачите.

За споредба, пак, до 17 часот во првиот изборн круг гласале 620.308 граѓани, или 34,41% од избирачите.

За да се избере претседател потребен е цензус од 40%, односно да гласаат 723.253 гласачи.

Поврзани новости