До 15 часот гласале 22,5%, во Центар, Карпош, Сарај и Липково над 30%

by fokus

До 15 часот правото на глас го искористиле 334,074 избирачи или 22,56 отсто од граѓаните со право на глас, соопштија од Државната изборна комисија.

Најголема излезност до сега има во општините Центар, Карпош, Сарај и Липково каде излезноста надминува 30 отсто.

Води одѕивот во Сарај каде до сега гласале 36,57%, потоа Центар со 34,51 отсто, Карпош 32,24% и Липково 30,42%. Најмала е излезноста во Ново Село во 9,9%.

Поврзани новости