Музичкото дуо ДНК, составено од Панчо и Андреј, во време кога естрадата е во криза поради забраната за настапи, се досетиле на интересен начин да заработат од својата музика. Тие информираат дека нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба, а сите кои живеат во Скопје и ќе ги порачаат, ќе ги добијат лично на рака, пред врата, од страна на музичарите.
-Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучително преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за поддршка на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период.
Иако имаме 5 албуми, се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “THE BEST OF” (ексклузивно издание) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15-тиот наш роденден, велат Панчо и Андреј.
Изданијата може да се купат и нарачаат онлајн преку ФБ фан страницата на DNK и на приватните ФБ и инстаграм-профили на Панчо и Андреј @djshortypofficial @andrejdnk.
– Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе, велат од дуото.
Цените на изданијата се движат од 500 до 1.000 денари.
Вики Клинчарова