ДКСК ќе ја проверува одлуката на Владата за назначување на Нефи Усеини за член на надзорен одбор

by fokus

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива ќе проверуваат дали македонската Влада законски го поставила советникот од општина Охрид Нефи Усеини за член на надзорниот одбор во охридскиот Центар за социјална работа.

Одлуката на Владата, потпишана од поранешниот премиер Зоран Заев, е објавена само неколку дена пред неговото заминување од функцијата, информира порталот Охрид24.

Оваа одлука е во спротивност со членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, каде во ставот 4 се вели:

„Избрано или именувано лице не може истовремено да врши функција на одговорно лице или член на орган на управување или надзорен орган во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.“

Со решението е создадена состојба на кумулација, бидејќи во исто време лицето Нефи Усеини извршува избрана и именувана функција, член на Советот на општина Охрид, и член на орган за надзор во Центарот за социјална работа во Охрид, што е во спротивност со погоре наведениот член од Законот за спречување корупција и судир на интереси

Поврзани новости