ДКСК ќе истражува дали има корупција во „Глобал“ и „евро за Вицето“, отворени постапки за Заев, Анѓушев и Манчевски

by fokus

Антикорупциска комисија отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев, од кои две беа предмети на судски постапки. Антикорупционерите ќе истражуваат наводи на корупција во случаите „Глобал“, „евро за Вицето“ и „бугарските фирми на Заев“.

Четвртиот случај е за продажбата на старата касарна во Струмица. Според наводите земјиштето било купено од бизнис партнер по поволно ниска цена, кој потоа му го продал на Вице Заев. Ова се случувало додека премиерот бил градоначаник во Струмица.

Против вицепремиерот Кочо Анѓушев е отворена постапка за давање под закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала. Според пријавата, земјиштето било доделено на фирмата МХЕ Тополки, каде како сопственик се јавува Анѓушев преку неговата фирма Фероинвест.

За министерот Дамјан Манчевски е отворени постапка за сомнежите во врска со грчките фирми, кои се споменаа во „бомба“ неодамна објавена.

Пријавите за сите овие предмети се поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

Маја Васева

Поврзани новости