Дизелот поскап за еден, а суперот за половина денар по литар

by Fokus

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66, односно за 1,29 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  за  59,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,764 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на  мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,367 денари.

Поврзани новости