Со искази на обвинетите денеска продолжи судењето за случајот „Диво насеље“. На обвинителната клупа сведочеше второобвинетиот Анди Красниќи познак како командат Малишева.Тој изјави дека не се чувствува виновен за настанот и твдри дека е политички монтиран.
Командатот Малишева истакна дека за доаѓањето во Куманово, на таканареченото Друштво на ветерани на ОНА во кое членува и тој, знаеле високи партиски функционери на ДУИ. Меѓу нив ги спомна Ејуп Алити познат како Секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор, и Садула Дураку актуелен градоначалник на Липково. Посочи и на телефонскиот разговор кој сега веќе починатиот командант Ндрецај го имал со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Освен тоа, тој рече дека групата која дошла од Косово била нападната без да биде предупредена, а нивниот влез во државата го следело и МВР кое, како што рече, најверојатно знаело за нивното доаѓање.
На минатото рочиште исказ даде првообвинетиот Сами Ушкини алијас Командант Соколи. Во судницата рече дека специјалците кои загинаа во Диво Насеље биле убиени од свои колеги.Според него, групата била подговена да се предаде, но тогашните челници на МВР одбиле такво нешто.
Во дводневната престрелка во кумановско Диво Насеље загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.