Против тројца диви дрвосечачи е поднесена кривична пријава откако биле фатени на лице место како вршат бесправна сеча со моторна пила на дабова дрвена маса. 37-годишниот И.К. од Демир Хисар, Ш.Ш.(36) од Гостивар и 17 годишно лице од с.Долно Бањица, Гостивар ќе одговараат за кривичното дело „пустошење на шума“.
Двајца од осомничените се снимени на мобилен телефон откако службеници на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги забележале на 23.05.2017 година околу 10,40 часот во атарот на селото Сушица. Веднаш потоа дрвосечачите се вдале во бегство.
По проверка на видео записот лицата се идентификувани. Од извршениот увид е констатирано дека бесправно се исечени 246,25 м3 дабови дрва, со што е причинета материјална штета од 2.216.250 денари, или нешто повеќе од 36.000 евра.