Против двајцата полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди се поднесени иницијативи за постапка за утврдување дисциплинска одговорност.
Едниот од нив е полицаец кој на 30 ноември 2019 додека не бил на должност, во хотел во Скопје попречувал полицајци од единицата „Алфа“ да легитимираат лица што биле во негово друштво и не дозволувал да им бидат прегледани возилата. Со тоа, како што соопшти МВР, тој постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.
Биле упатени закани кон полицајците од „Алфа“ за што на 2 декември 2019 во СВР Скопје биле поднесени материјали за пријава за „Загрозување на сигурноста“. Но по извршените проверки и увидот во службените материјали, констатирано е дека раководителот на смена во „Алфа“ при СВР Скопје, кој бил присутен при контролата на 30 номеври 2019, не го документирал и не го пријавил на надлежните служби за кривичното дело и прекршоците што се случиле во хотелот.
-Целосното документирање и пријавување на настаните од 30 ноември 2019 го организирал на 2 декември 2019, и тоа по барање на заменикот началник на ЕПОИ Алфа, со што постапил спротивно на член 11 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и спротивно на член 14 од Закон за полиција, наведува МВР.