Министерството за здравство информира дека денеска од функцијата е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.
-Зибери е разрешен бидејќи пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, велат од министерството.
Министерот, Венко Филипче вчера најави можна смена на директорот на Зибери, кој на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.
За нов ВД директор на Центарот за јавно здравје е назначен д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот.