487
Директорот на Турскиот театар во Скопје, Наџи Шабани си поднесе оставка, поради, како што вели, притисоци и уцени за кадровската политика.
-Притисоците, уцените за кадровската политика и обидите за партизација на Турски театар и намерната опструкција на политичката елита за непречена работа, ме натераа да си поднесам неотповиклива оставка, напиша Шабани на Фејсбук.
Шабани додадава дека оставката ја поднесува и со цел да го крене гласот против партизацијата и поделбите наметнати од турските политички партии.