Директорот на „Македонија пат“ бегал од полицијата за време на полициски час

by Frosina Fakova

Директорот на „Македонија пат“ возел за време на полициски час и не сопрел кога полицијата му дала сигнал да застане, туку продолжил да вози со автомобил „ренџ ровер“ со скопски регистерски таблици.

Според полицискиот билтен, настанот се случил во средата околу 21.20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, кога полицајци му дале знак на возилото да застане. Сепак директорот не ја испочитувал наредбата и продолжил да вози кон Гостивар.

По дваесет минути возилото било запрено на наплатната рампа Желино и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија Пат“. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4, од Законот за безбедност во сообраќајот, соопштија од МВР.

Директорот ќе треба да плати казна од 300 евра за непочитување наредби на службени лица.

Поврзани новости