391
„Од донесувањето на првата Одлука – за ограничување на маржата од пет до десет отсто до сега се извршени над 1 800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари“.
Ова денеска на прес-конференцијата со министерот за економија Крешник Бектеши го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Тој рече дека ДПИ неселективно постапува по сите владини одлуки.
„И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 – 10 000 евра зависно од големината на субјектите“ – истакна Трајковски.