Директорот на Градската болница „8 септември“, доктор Кристијан Костов ја потврди информацијата на „Фокус“’дека 70-годишен пациент скокнал од прозорец од првиот кат на болницата.
„На 10 февруари, 2012 година, пациент хоспитализиран на интензивна нега во ГОБ „8 септември“, роден 1950 година, во тешка состојба и под психијатриска опсервација, и покрај сите превземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај превземените реанимациони постапки, од страна на дежурна екипа во 7 и 30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни инситуции. МЗ, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ – истакна Костов.
Тој додава дека е направен увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонреден надзор.