Утринава во медиумите пристигнаа неколку мејлови со сериозни обвинувања против в.д. директорот на Агенција за филм, Горјан Тозија. Според овие мејлови Тозија во 90-тите години направил измама во Загреб, така што станот што го поседувал, го продал два пати на различни луѓе. Директорот ги демантира овие обвинувања. Тврди дека зад нив стои Винко Грубишиќ од „Јадран филм“ кој на овој начин му се одмаздува за аферата што Тозија ја разоткри.
Пред самиот крај се судските процеси што се водат против Грубишиќ. По смена на власта беше откриено дека „Јадран филм“ добила над еден милион од државата за играна серија која требало да го носи името „Македонија“. Претходната директорка на Агенција му одобрила 4,6 милиони евра на Грубишиќ, а му биле исплатени еден милион и триста илјади евра. Сепак, првата сезона од филмот не била испорачана, односно не била воопшто снимена. Поради ова, откако доаѓа во Агенцијата, Тозија го раскинува договорот со „Јадран филм“
Главната улога во серијата требало да го игра Павел Шатев. Мејловите преку кои стигнаа обвинувањата за Тозија се потпишани со Пав Шат. Поради тоа, вели Тозија, е јасно кој стои зад хајката што се води против него. Како што се приближува денот на изрекување на пресудата, така вели директорот, расте и нервозата во „Јадран филм“. Поради тоа, додава, се интензивира црната кампања против него.
-Ме обвинуваат за нешто од 1992 година, од тогаш до денес има 26 години, зошто им требаше толку време? – вели Тозија во изјава за „Фокус“.
Тој тврди дека продажбата нас станот во Загреб се водела преку агенција за недвижнини и дури сега слушнал дека станот наводно бил продаден два пати.
-Го дадов на Агенција да го продаде. Во тоа време изби војна и не можеше да се најде купувач, една табла јајца чинеше 100 марки. Никаков контакт немав после тоа, ниту некаква информација за станот, немав поим за ова, ова ми е прва информација после 26 години. Агенциите во тоа време правеа далавери, така што можно е нешто да е направено без мое знаење. Оваа хајка е притисок врз мене, со цел да ме дезевалуираат – вели Тозија.
Освен што се водат судски пресуди против „Јадран филм“ и Грубишиќ, директорот вели дека и за активностите во Македонија на оваа продуцентска куќа се заинтересирала и Финансова полиција.
Од Владата стојат зад она што го вели Тозија и додаваат дека е важно што со правосилно извршно решение од „Јадран филм“ се вратени 300.000 евра доделени државни пари.
„Во Агенцијата за филм од страна на новото раководство е спречен обид за непродуктивно и криимнално трошње на парите на граѓаните за проектот играна серија „Македонија“. Во моментов во македонскот судски систем се одвива постапка против учесниците „Јадран филм“,која што очекуваме ќе биде во скоро време завршена. Тоа што е од интерс на граѓаните е фактот дека поголем дел од средствата се вратени на сметката на Агенција за филм со што е заштитен интересот на буџетот на РМ“, велат од Влада.
М.В.