Превезувал мигранти, избегал и го оставил возилото откако го бркало полиција

by fokus

Утринава еден час по полноќ на регионалниот пат село Речица – село Ваксинце од страна на полициски службеници е даден знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но возилото не спорело туку се упатило кон село Речица.

Истото возило е пронајдено оставено покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот. Во возилото се пронајдени пет лица од Пакистан и едно лице од Индија, по што истите се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Поврзани новости