Директорката на УЈП порача дека нема да се казнат граѓаните што нема да се регистрираат во системот

by fokus

Новиот систем на УЈП ќе ги седне пред комјутер и пензионерите. Сите граѓани кои во 2018 оствариле било каков приход, и оние што земаат само плата или пензија, до крајот на годинава мора да се регистрираат на елекстронскиот систем на УЈП, е-персонален данок, со цел таа да може да им изготви годишна даночна пријава.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес конференција појасни дека нема казнуваат и дека ниту еден граѓанин, вклучувајќи ги и пензионерите, нема да биде изземен од реформата.

„Новиот модел на пријавување данок тоа го овозможува. Граѓанинот е ослободен од пополнување на ГДП, тоа ќе биде работа на УЈП. Ако досега УЈП ги контролираше годишните даночни пријави, отсега граѓаните ќе ја контролираат УЈП. Граѓаните ќе бидат тие кои ќе ја потврдат или поправат пријавата која ќе им ја испрати УЈП“, рече Лукаревска.

„Макфакс“

Поврзани новости