12-годишно момче паднало од автобус бидејќи задната врата била отворена

by fokus

12 годишно момче било префрлено во болница, откако паднало од автобус кој во моментот кога тргнал, задната врата била отворена, пренесува МВР.

„На 12.09.2018 година околу 07.10 часот во село Амзабегово, светиниколско, при влез во автобус „Ивеко“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ѓ.(62) од Свети Николе, 12-годишно момче од село Амзабегово паднало и се здобило со тешки телесни повреди. Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало. По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.“

Поврзани новости