Медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари беше фатена при повторна кражба на лекови не е стапната оттогаш на Клиниката, изјави денеска в.д. директорката Виолета Клисаровска.
Таа рече дека медицинската сестра доби отказно решение на 23 мај, на прес конференцијата која ја оддржа заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и организацискиот директор на Клиниката Хаљид Матоши.
-Медицинска сестра работеше во дневна болница, таа не беше директно поврзана со подготовка на лековите. Една од безбедносните мерки е ограничен бројот на медицински сестри кои работат на подготовка на терапијата. Тој влез е сега ограничен и тој влез е отворен само за оние кои по распоред работат на подготовка на лекови“, изјави Клисарска.
Јавното обвинителство во петокот отвори предистражна постапка за криминална бизнис-мрежа за препродавање скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак на клиниката.
-Откога сум јас на функцијата в,д директор на Клиниката за онкологија, а тоа е од ноември лани најодговорно тврдам дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија онака како што пропишал нивниот лекар, без никакви злоупотреби и манипулации, изјави Клисарска.
Таа и министерот Меџити го осудија случајо, но повикаа да не се генерализира и да не се создава колективна вина на целиот медицински тим на Клиниката. Според неа на тој начин се руши довербата меѓу пациентотите и лекарите, а тоа на крајот се одразува на здравјето на пациентите.
-Претходно имавме сомнежи, имаше допрен глас, беше јавна тајна дека недостасуваат лекови. Откако сум јас директорка, подигнато е нивото на безбедноста на патеката на лекот. Еднаш неделно имаме Онккрадеолошки конзилиум, на кој се состануваат сите 12 раководители на одделенија и за секој пациент се разговара и одлучува за текот на терапијата, изјави Клисаровска.