533
Снежана Захариева, директорката на кумановската болница, има позитивен тест на коронавирус.
Таа ова го објави на својот профил на „Фејсбук“. Кажува дека тестирањето го направила вчера во МАНУ, и добила утрово резултат кој е позитивен.
Напооменува дека не носела маска само дома, но дека имунитетот попуштил после 5 месеци борба со коронавирусот. Куманово беше едно од најпогодените подрачја во изминатите месеци.