Уапсена старлетата Александра Накова, не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

by Fokus

Во текoт на вчерашниот ден во Гевгелија била уапсена старлетата и своевремено учесничка во популарно регионално реално шоу, Александра Накова (31), бидејќи наместо во изолација, како пациент позитивен на Ковид-19, се шетала во градот.

Според информациите со кои располагаме, таа сега ќе остане во државен карантин.

Веста дека старлетата е позитивна на корона вирус и се наоѓа на домашно лекување во родната Гевгелија ,,Фокус” ја објави пред неколку дена.

Накова се најде и во српските медиуми, позирајќи во тамошните ноќни клубови, за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Според Центар за јавно здравје Гевгелија, таа неодамна заминала во Белград, а по враќањето назад во Македонија, пред влегување во земјава и бил направен Ковид-19 тест, кој покажал позитивен резултат.

-Пациентката по доаѓањето во земјава самата се пријави кај надлежните здравствени органи и се наоѓа на домашно лекување- ни изјави тогаш д-р Саше Олунчев од центарот.

Денес, тој вели дека е изненаден од веста за Накова. Таа веќе имала еден негативен контролен тест и се чекало на земање на брис за втор негативен тест, по што и официјално ќе била помеѓу излекуваните пациенти.

-Сите пациенти мора да бидат дисциплинирани кога е вирусот во прашање. Накова веќе имаше еден негативен тест, мислам дека денес требаше да се прави вториот. Не знам зошто не почекала, според законските прописи, вака само се комплицираат работите без причина. Значи, мора два негативни теста, па да се биде и официјално неактивен случај – вели докторот.

За двете новорегистрирани позитивни лица во Гевгелија од вчера, додава дека се во добра состојба, на домашно лекување и не се поврзани со некој од претходните случаи. Се работело за странец кој бил во изолација и за полициски службеник.

Вики Клинчарова

Поврзани новости