Директорката на Јосип Броз со „срцепарателно“ писмо ги убедува родителите да не ги поддржуваат децата

by Фокус

-Природна состојба на родителството е несебичноста. Кога стануваме родители ние не сме повеќе центар на нашиот свет, таа позиција им ја препуштаме на нашите деца, стои во писмото од директорката на гимназијата „Јосип Броз- Тито“, Татијана Стојанова- Дуева до роителите во кое им посочува дека доколку децата ја бојкотираат наставата и не одат на часови тоа ќе резултира со негативни последици за нивната иднина.

-Ви се обраќаме да алармираме на вашата свест, совест и разум, бидејќи секој загубен училишен ден ќе резултира со негативни последици по иднината на нашите деца. Затоа, сите ученици јавно ги повикуваме да дојдат во гимназијата на настава во училниците, кадешто всушност, е нивното место, а не да останат по улиците на кои никој не води грижа за нивната безбедност, „алармира“ директорката на скопската гимназија.

Средношколскиот пленум, кој ова писмо го сфаќа како притисок за прекин на бојкотот и повлекување од своите барања, ја прашаа директорката Стојанова- Дуева:

-Директорке, зарем не знаете дека ја имаме сета поддршка од нашите родители и дека во никој случај без нивна дозвола не би го правеле ова? Не се откажуваме!

Поврзани новости