Директорката на Инфективна: Околу 16 дена се потребни за лекување на заразен од Ковид-19 со средно-тешка клиничка слика

by fokus

Сите ние сме различни, но во просек 16 дена се лекува средно- тешка клиничка слика, на заразен од Ковид-19, а многу повеќе време е потребно за тешките случаи, зошто тие и откако се негативни, последиците кои ги остава инфекцијата се големи, истакна директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

-Исклучително рационално се користи секој еден кревет на клиниката, вклучувајќи ја и модуларната болница, истакна Стевановиќ.

Околу зголемената смртност, таа истакна дека од тоа се стравувало уште на почетокот на пандемијата.

-Во однос на смртноста, со зголемување на бројот на заразени, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток стравувавме од тоа, рече директорката Стевановиќ.

Поврзани новости