Директорката на Инфективна: Балансираме со капацитетите, но не знам до кога ќе издржиме

by fokus

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека дефинитивно имаме нов бран на епидемијата на корона вирус и предупреди дека доколку бројките на новозаразени останат вакви, не знае до кога болниците ќе успеат да менаџираат со капацитетите.

-Не мислам дека сме неподготвени. Очигледно е дека не чека нов бран, односно сме во нов бран, со оглед на бројот на новозаразени и исполнетоста на болниците. Опасноста од новиот сој ќе значи поголем број на заразени во пократко време. Капацитетите се уште успеваме да ги балансираме и да одговориме на потребите, но ако ова продолжи вака не знам колку ќе издржиме. Сега повторно е отворена и модуларната болница.  Не сакам да ги плашам граѓаните, но мора да се сфати сериозноста на ситуацијата, вели Стевановиќ.

Поврзани новости